Станбена зграда во Киев доцна синоќа била погодена од дрон при руски ноќен напад, соопштија утрово украинските власти, додавајќи дека две лица се повредени.
Тоа е прв инцидент од ваков вид по неколку месеци во главниот град на Украина.
Киев редовно е мета на руски беспилотни летала и ракетни напади, но повеќето од нив се соборени од украинската противвоздушна одбрана.
Во Киев доцна вечерта се огласи тревога за воздушен напад. Набргу потоа, локалните жители слушнале силни експлозии. Градското собрание првично објави дека во градот дејствува противвоздушна одбрана, повикувајќи ги жителите да останат во засолништа.
Локалните власти објавија дека станбената зграда била погодена од дрон „Шахед“ од иранско производство, кој Москва редовно го користи за да го нападне својот сосед.
Русија започна инвазија на Украина на крајот на февруари 2022 година.