Руски беспилотни летала синоќа погодија објекти на енергетската инфраструктура во два региони во северна Украина, објавија британските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Украинската противвоздушна одбрана собори 13 од вкупно 17 руски беспилотни летала во пет региони на истокот, северот и центарот на земјата, соопшти воздухопловството.
Еден од руските дронови Шахед погоди енергетски објект во Сумск, а друг погоди објект во регионот Чернихив, соопштија локалните власти.
На местото на настанот се испратени екипи за итна помош.
Засега нема информации за жртви.
Руските сили ги засилија ракетните и беспилотните напади врз енергетската инфраструктура на Украина од март, соборувајќи околу половина од нејзините капацитети за производство на електрична енергија, принудувајќи долготрајни прекини на електричната енергија за милиони луѓе.