Денеска Русија изврши воздушни напади врз Киев и регионот Лавов во западна Украина, потврдија украинските власти.
Поради руските напади, полските вооружени сили ги активираа своите воздушни сили за да ја обезбедат безбедноста на воздушниот простор во близина на границата, пренесува Ројтерс.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на својот канал Телеграм објави дека по руските воздушни напади се случиле неколку експлозии, како и дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана бил активен во одбивањето на рускиот напад.
WWIII is trending.
Russian Missiles Cross Poland Border During Ukraine Attack
Russia launches airstrikes on Kyiv and the Lviv regions, prompting a military reaction from Poland. #Ukraine #Moskau #Russia #BREAKING #Poland #kyiv #Ukraine #UkraineRussianWar #Russia #WWIII pic.twitter.com/YgWw8gDa7R— kiran joshi (100% Follow Back) (@kiranjoshi235) March 24, 2024
„Украинските противвоздушни системи уништија десетина руски ракети над Киев и неговата околина“, изјави Сергеј Попко, шеф на воената администрација во Киев.
Според него, „првичните информации укажуваат дека нема жртви или поголема материјална штета“.
„Третото утро од оваа недела, пред зори, цела Украина беше под воздушна тревога, а на граѓаните им беше препорачано да одат во засолништа“, објави рано утринава на својот Х профил американската амбасадорка во Киев, Бриџит Бринк.