Руски воен брод испалил ракета кон германски хеликоптер над Балтичкото море

Руски воен брод испука предупредувачки истрели кон германски хеликоптер кој патролирал над Балтичкото Море, објавија медиумите.

Руски воен брод испука предупредувачки истрели кон германски хеликоптер кој патролирал над Балтичкото Море, објавија медиумите.

Екипажот на рускиот брод испукал сигнална ракета пишува Дејли Мејл.

Според германскиот весник „Билд“, предупредувачки истрели биле испукани кон разузнавачко летало на НАТО што ја надгледувал областа.

Муницијата која била пронајдена, се користи во предупредупредувачки истрели, а не за напад, но овој инцидент покажува колку НАТО и Русија стигнаа до директна конфронтација, после големиот број на блиски средби меѓу западната воена алијанса и руските авиони над областа и инциденти со подводните кабли.

Портпаролот на германското Министерство за одбрана, од друга страна, не можеше да ги потврди медиумските извештаи за инцидентот меѓу германски воен хеликоптер и руски брод во Балтичкото Море.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Барбок го спомена инцидентот на состанокот на НАТО, но не откри детали.

Засега нема реакција од Москва за овој инцидент.