Руски воени бродови денеска влегоа во пристаништето на главниот град Куба, откако и американските и кубанските власти оценија дека тоа не претставува безбедносна закана, јавија денеска западните медиуми.
Сепак, пристигнувањето на руски воени бродови во Хавана се толкува како демонстрација на моќта на официјална Москва во време на зголемена меѓународна тензија поради војната во Украина, пренесува Ројтерс.
Неколку рибарски чамци и љубопитни набљудувачи се наредиле на булеварот Малекон во кубанската престолнина за да ги пречекаат руските воени бродови кои влегуваат во пристаништето до тврдината Моро, стара 400 години.