Руските сили соборија или пресретнаа 53 украински беспилотни летала во неколку региони, соопшти денеска Министерството за одбрана.
„Во текот на ноќта и утрото беа спречени неколку обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади со помош на беспилотни летала“, се вели во соопштението.
Соборени или пресретнати се вкупно 53 беспилотни летала, од кои 44 над јужниот регион Ростов.
Седиштето на руската операција во Украина се наоѓа во градот Ростов.