Министерството за одбрана на Русија потврди дека руски борбен авион по грешка го бомбардирал градот Белгород близу границата со Украина.
Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков кажа дека експлозијата оставила кратер широк околу 20 метри во центарот на градот.
„Две жени се повредени и неколку згради се оштетени“, изјави Гладков.
Од министерството кажаа дека авион „су-34“ случајно исфрлил експлозивни средства додека летал над градот. Инцидентот се случи синоќа во 22:15 часот по локално време.
Снимки на социјални мрежи покажуваат оштетени станбени згради и автомобили.
Белгород, кој има околу 370.000 жители, е оддалечен само 40 километри од украинската граница. Се наоѓа северно од Харкив и во него беа регистрирани повеќе експлозии од почетокот на руската инвазија пред повеќе од една година.
В Белгороде произошел взрыв, от которого на пересечении проспекта Ватутина и улицы Губкина осталась воронка радиусом 20 метров.
По словам губернатора, пострадавших нетhttps://t.co/NEfFG2TMUQ
📷: zhest_belgorod / Telegram pic.twitter.com/nDw8ttK6Yz— Медиазона (@mediazzzona) April 20, 2023