Руските сили го нападнаа центарот на Херсон

Руските сили го нападнаа центарот на неодамна ослободениот град Херсон во јужна Украина на Бадник. Во нападот загинале најмалку осум цивили, а има 58  повредени.

Рането е и шестгодишно девојче. Зеленски денеска го нарече „терор“ руското гранатирање на градот и објави вознемирувачки фотографии од последиците од нападот.

„Социјалните мрежи најверојатно ќе ги означат овие фотографии како „чувствителна содржина“. Но, ова не е чувствителна содржина – ова е вистинскиот живот на Украина и Украинците – напиша Зеленски на фотографиите.

Ден пред Божиќ Русите го нападнаа центарот на градот. Нападнаа пазар, трговски центар, станбени згради, административни згради – местата каде што има најмногу луѓе – изјави гувернерот на херсонската област, Јарослав Јанушевиќ, а за настанот се огласи и Тимошенко, кој истакна дека шест годишно девојче е тешко повредено во рускиот напад и со повеќе повреди е префрлено во болница. Нејзината состојба е сериозна, најави тој.

Руските сили ги нападнаа ослободените делови на регионот Херсон 74 пати со артилерија, повеќе ракетни фрлачи, минофрлачи и тенкови, истакна Зеленски

За нападите денеска зборуваше и Кирило Тимошенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, опишувајќи ги нападот како „терористички акт“.

Да потсетиме, украинските сили неодамна го ослободија западниот дел на регионот Херсон. Ослободен е целиот дел од тој регион кој се наоѓа западно од реката Днепар, вклучувајќи го и градот Херсон, кој речиси девет месеци беше под руска окупација.

Ослободувањето на градот Херсон беше особено значајно бидејќи тој беше единствениот главен град на украинскиот регион кој беше под окупација на руските сили.