Руските сили го ликвидираа градот Бахмут на истокот на Украина – тврди Зеленски

Руските сили го ликвидираа градот Бахмут на истокот на Украина – тврди Зеленски.Армијата на Украина пак,тврди дека Русија продолжува со воздушните напади во некои делови од земјата.

Странските агенции пак јавуваат дека битката има сеуште фокус на четирите региони претходно анектирани од Русија.

Според Зеленски ситуацијата „и натаму е многу тешка“ во неколку градови на фронтот во регионите Донецк и Луганск во Источна Украина.

„Бахмут, Соледар, Марјинка, Кремина. Одамна нема повеќе живот на земјата во овие области оштетени од гранати и оган. Окупаторот го уништи Бахмут, уште еден град кој руската армија го претвори во изгорени урнатини“, рече Зеленски во своето видео обраќање.

Генералштабот на Украина соопшти дека во текот на ноќта имало околу 20 воздушни и повеќе од 60 ракетни напади низ Украина.

Портпаролот Олександр Штупун рече дека најактивните борби се воделе во областа Бахмут, каде биле погодени повеќе од 20 населени места.