Руските сили во источна Украина на чекор до освојување на клучните градови во Доњецк

Павло Кириленко вели дека руските сили во источна Украина се обидуваат да навлезат на југ и да ги окупираат Краматорск и Славјанск, клучните градови во Доњецк.

„Фронтовите Лиман и Изум се главните области од кои непријателот се обидува да навлезе за да ги окупира териториите на Славјанск и Краматорск, кои се (негови) клучни цели на северот од регионот“, посочи гувернерот Кириленко.

Меѓудругото тој рече и дека 340.000 жители останале во делот на регионот под контрола на Украина, од вкупно 1,67 милиони жители пред војната.