
Во западните земји, христијанството е заменето со „нова монотеистичка религија“, изјави патријархот московски и на цела Русија – Кирил по вечерната литургија во црквата Христос Спасителот.
– Сведоци сме на некои речиси чудесни настани во нашиот црковен живот. Се градат нови цркви, се реновираат старите цркви и сето ова е придружено со обновување на нашиот духовен живот, затоа што црквите се исполнети со луѓе … она што се случува во Русија денес е многу силен сигнал за целиот свет , особено за западниот свет, кој е богат, удобен, но ја губи верата толку многу што местото на христијаните сега е окупирано од претставници на друга монотеистичка религија – истакна патријархот.
Според него, во најдобриот случај, затворените христијански цркви стануваат џамии, а во најлош случај се создаваат ресторани, кафулиња и забавни капацитети.