Рускиот патријарх Кирил: Гранатирањето на Белгород е злосторство од терористичка природа

Рускиот патријарх Кирил денеска го осуди украинското гранатирање на Белгород како „злосторство од терористичка природа“, кое нема воена цел, а има за цел да го заплаши и збуни народот.

„Убеден сум дека сторителите на овој мизантропски чин на насилство нема да можат да го уништат нашето единство или да посеат семе на паника во срцата на нашите сонародници. Се надевам дека регионалните власти ќе направат се што е можно за жртвите и погодените од катастрофата“, рече тој.

Патријархот рече дека му наложил на Синодското одделение за добротворни и социјални услуги да им пружи помош на погодените луѓе во регионот на Белгород.