Рускиот министер за одбрана имал срцев удар?

Антон Герашченко – советникот на украинскиот министер за надворешни работи на Фејсбук објави дека рускиот министер за одбрана – Сергеј Шојгу (67) имал срцев удар.

„Шојгу имаше срцев удар и затоа не е појавен во јавноста од средината на март. Тој доби срцев удар по целосниот неуспех на руската инвазија врз Украина. Сега е на рехабилитација во Главната воена болница“ – напиша Герашченко на Фејсбук.

Сепак, руска телевизија во четвртокот објави снимка на која се гледа Шојгу како разговара со Путин.

Тој не е виден во јавноста од 11. март и затоа се шпекулираше дека е болен, па дури и дека е уапсен.