Олег Тинков – рускиот милијардер ја осуди „безумната“ руска војна во Украина и го повика Западот да помогне да запре „масакрот“.
„Деведесет проценти од Русите се против таа војна“ – објави Тинков на Инстаграм, потенцирајќи оти „безумната војна не е во корист на никого“ бидејќи „гинат невини луѓе и војници“.
Тинков е основач на „Банка Тинкофф“ формирана во 2006. година, која денес има околу 20 милиони клиенти.
Тој во 2020 година се повлече од функцијата извршен директор на банката. Тинков е на списокот на лица кои се под британски санкции поради руската инвазија врз Украина.