Руската мисица Екатерина Новоселова, која ја освои титулата „Мис Твер“ во 2001 година, беше убиена во терористички напад во салата „Крокус“ во Москва.
Ова за руските медиуми го потврди поранешната директорка на агенцијата за модели Олга Даргевич, која го организираше натпреварот во 2001 година.
Името на Екатерина Новоселова беше на првата листа на жртви објавена од Министерството за вонредни ситуации на Русија.
– Точно е дека се случи, навистина голема трагедија – рече Даргевичева.
Таа објасни дека информацијата прво се појавила во медиумите.
– И пишав на мајка и, праша дали пишуваат само новинари, дали е грешка… Ми напиша само два збора: „Катја умре“ – рече Олга Даргевич.
Според неа, Екатерина претходно живеела во Твер, учествувала на емисии и натпревари низ цела Русија.
Откако ја освоила титулата во родниот град, завршила факултет и се вработила во банка, а потоа се преселила во Москва.
– Има две прекрасни деца – момче и девојче. Беше многу бистра, многу љубезна девојка… Најљубезната личност. Шокирани сме, се уште не можеме да веруваме дека се случила ваква трагедија – рече Даргевич.
Според последните податоци, најмалку 133 лица загинаа во терористичкиот напад во концертната сала Крокус во северозападниот дел на Москва.
Група терористи во петокот околу 20 часот отвориле оган во фоајето и концертната сала, по што подметнале пожарот и побегнале.
Во болница се хоспитализирани 140 лица, од кои половината се во тешка состојба.
Терористите биле уапсени околу 3 часот по полноќ во областа Брјанск додека се обидувале да преминат во Украина.