Руска балерина осудена на 12 години затвор поради донација од 50 долари за Украина

Балерината Ксенија Карелина, двојна државјанка на Русија и САД, денеска во рускиот регионален суд е осудена на 12 години затвор за предавство!

Карелина беше обвинета за предавство откако беше уапсена во Екатеринбург, во југозападна Русија, во февруари годинава.

Инспекторите го пребарале нејзиниот мобилен телефон и откриле дека таа направила донација од 51,80 долари за Разом, добротворна организација која обезбедува помош за Украина. Таа го направила тоа на првиот ден од руската инвазија.

33-годишната балерина се изјасни за виновна на затворено судско рочиште претходно овој месец.

Карелина денеска се појави на суд мирно седејќи во стаклениот кафез од судницата пред да биде осудена.

Нејзиниот случај беше сослушан од истиот суд кој го осуди новинарот на Волстрит журнал – Еван Гершкович за шпионажа во јули.

Ксенија Карелина е родена во Русија, се преселила во САД во 2012 година и станала државјанка следната година. Таа се преселила во Лос Анџелес. Таа се вратила во Русија за да го посети семејството на почетокот на годинава кога била уапсена.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека проактивно собирала пари во интерес на една од украинските организации. Се тврди дека донацијата „се користела за купување тактички медицински материјали, опрема, оружје и муниција за украинските вооружени сили“.

Добротворната организација негираше дека му дала воена поддршка на Киев.

Карелина не беше вклучена во неодамнешната голема размена на затвореници меѓу Русија и Западот што го ослободи Гершкович, но нејзиниот адвокат, Михаил Мушаилов, рече дека се надева дека ќе биде дел од можната идна размена.