Тврдењата на руската армија се дека во денешниот напад врз местото Стричи и воената база Јаворив убиени се странски платеници.
„Како последица на тој напад елиминирани се до 180 странски платеници и уништено е големо количество странско оружје“ – изјавија од руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
Гувернерот на украинските регионални воени власти, Максим Козицки, пак, изјави дека при нападот на руските сили врз воениот комплекс Јаворив, загинале најмалку 35 лица, а повредени се 134.
Тој додаде дека руските сили истрелале повеќе од 30 крстосувачки ракети кон воената база Јаворив.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа – Џејк Саливан денеска изјави дека Русија ќе се соочи со одговор од НАТО доколку нејзините напади ја преминат границата на Украина и ги погодат сојузниците.
Воената база е лоцирана на само 10 километри од границата со Полска и вообичаено се користеше за обука и заеднички вежби на украинската војска и нејзините партнери од НАТО.