
Руската ПВО собори 20 украински дронови
- Силите за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 20 украински беспилотни летала: 16 над територијата на Брјанската област, две над територијата на Калушката област, едно над територијата на Белгородската област и едно над територијата на Московскиот регион, се наведува во соопштението на руското МО.
Руските сили за противвоздушна одбрана синоќа соборија 20 украински дронови, соопшти руското Министерство за одбрана.
Едно од беспилотните летала е соборено над регионот на Москва.
– Силите за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 20 украински беспилотни летала: 16 над територијата на Брјанската област, две над територијата на Калушката област, едно над територијата на Белгородската област и едно над територијата на Московскиот регион, се наведува во соопштението на руското МО.