Министерството за одбрана на Украина тврди дека руската елита ја разгледува можноста за атентат врз рускиот претседател – Владимир Путин.
„Труење, ненадејна болест, несреќа – руската елита ја разгледува можноста за отстранување на Путин“ – пишува во објавата на Фејсбук страницата на украинското Министерство за одбрана.
Украина наведува дека зад сето тоа стои група влијателни луѓе кои се во опозиција на Путин.Наводно станува збор за политичка и бизнис елита.
„Нивна цел е да го отстранат Путин од власт што е можно поскоро и да воспостават економски врски со Западот, кои се уништени поради војната“ – се додава во објавата.
Украинците наведуваат дека како можен наследник на Путин се гледа во шефот на ФСБ – Александар Бортников.
„Значајно е што самиот Бортников неодамна падна во немилост на Путин. Официјалната причина за неговиот пад е фаталната проценка на војната во Украина“ – соопшти украинското МО.