„Руската војска се чини дека се обидува да ги опколи украинските сили кои се борат во сепаратистичките области во источна Украина“. Ова е соопштено од Министерството за одбрана на Велика Британија.
Во извештајот објавен утринава руските сили напредуваат на југ од областа околу Харков и северно од Мариупол.
„Боиштата во северна Украина се „главно статични“, а украинските контранапади ги попречуваат руските напори за реорганизација на нивните сили“ – соопшти британското Министерство.
Русија се потпира на проектили лансирани од нејзина територија за да ја намали изложеноста на нејзините авиони на украински противвоздушни оган, се вели во соопштението.