Руската војска продолжува со нападите на Мариупол
Руското Министерство за одбара соопштува дека руските воени сили спроведуваат широка офанзива во Украина и зазедоа неколку градови и села, а продолжува и офанзивата на Мариупол.
Според нивни извори, четири украински борбени авиони Су-27 биле соборени во воздушни борби кај Житомир, на околу 100 километри западно од Киев.
Новинската агенција „ТАСС“ објави дека од почетокот на конфликтот со Украина на 24. февруари, руските сили уништиле 69 авиони на земја и 21 во воздух.
Руската војска ја продолжи офанзивата на два града по одложувањето на евакуацијата на цивилите.
„Ниту еден цивил не може да го напушти Мариупол или Волноваха преку најавените безбедни премини. Населението во тие градови го држат националистичките формации како жив штит“ – тврди руското Министерство.