Руските противвоздушни единици денеска соборија беспилотно летало во близина на Москва, изјави гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.
Тој на Телеграм изјави дека делови од соборениот дрон паднале врз приватна куќа вечерва во Баљша, источно од главниот град, а луѓето во куќата се неповредени.
Агенцијата ТАСС, повикувајќи се на воздухопловната служба, соопшти дека авионите биле привремено пренасочени од патеките за летови на североистокот на Москва.