Сергеј Орџоникиџе – руски дипломат вели дека Русија можно е да ги отповика амбасадорите на С. Македонија, Црна Гора и Бугарија поради ситуацијата со Лавров.
„Мислам дека реакцијата треба да биде најостра, бидејќи спречија висок функционер на нашата земја да ја изврши својата дипломатска должност. Ова е политички чекор на антируска ориентација“ – изјави Орџоникиџе за РИА Новости.
Дипломатот предвиде дека би можело да дојде до прекин на дипломатските односи меѓу Русија и трите земји, а за отповикување на амбасадорите смета дека „тоа е прилично веројатно“.
Најавите се дека Русија ќе ја запре испорката на гас за трите земји кои го затворија воздушниот простор за авионот на Лавров да стигне во Белград на средба со Вучиќ.