Истражниот комитет на Русија денеска отвори истрага за финансирањето на терористичкиот напад во „Крокус сити хол“, во кој наводно се вмешани претставници на САД и НАТО.
Според РИА Новости, парите користени за финансирање на нападот дошле преку комерцијални компании, украинската компанија за нафта и гас Бурисма холдингс.
Бурисма холдингс е позната по тоа на нејзино чело беше синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер Бајден, кога Бајден постариот беше потпретседател во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.