Русија ја зголеми црната листа на британски државјани за уште 36 имиња поради антируската политика на британската Влада. На списокот се додадени членови на британската влада,претставници на безбедносни агенции и новинари, соопшти Марија Захарова потпаролка на руското МНР.
На листата се и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, министерот за регионален социо-економски развој, домување, заедници и локална самоуправа Мајкл Гоув, канцеларот на Војводството Ланкастер, Оливер Дауден, министерот без ресор Надим Захави.
На списокот е и началникот на Генералштабот, Патрик Сандерс, како и претставници на раководството на Стратешката команда на вооружените сили на Обединетот Кралство и Националниот центар за сајбер безбедност.
Захарова додаде дека Москва не го смета за целисходно објавувањето на комплетниот список.