
Русија тврди дека со морски дрн потопила украински брод во делтата на Дунав
Информацијата не можеше да биде независно потврдена, нагласува ДПА. Ако е вистина, ова би било прва употреба на морски дрон од страна на Русија.
Руската војска потопила украински извидувачки брод наречен „Симферопол“ со помош на морски дрон во делтата на Дунав, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Информацијата не можеше да биде независно потврдена, нагласува ДПА. Ако е вистина, ова би било прва употреба на морски дрон од страна на Русија.
Додека бројни украински региони во текот на ноќта беа цели на масовни руски напади, немаше извештаи за експлозии или пожари во областа на Одеса во близина на делтата.
Според јавно достапните информации, „Симферопол“ е извидувачки брод со средна големина, кој моментално е во фаза на тестирање.
Украинската морнарица беше во голема мера уништена по руската анексија на Крим во 2014 година и по почетокот на нејзината целосна инвазија во февруари 2022 година.