Русија со дронови гаѓаше станбени згради во Киев
Во нападот на Русија врз Киев во текот на ноќта со дронови, чија цел беа станбени згради и предизвикаа неколку пожари низ градот, загинаа две лица, а најмалку седум беа повредени, соопштија украинските власти и државната служба за вонредни состојби рано во неделата.

„Масовен непријателски напад со беспилотно летало врз Киев. Досега седум жители на главниот град се повредени, од кои еден е хоспитализиран“, објави градоначалникот Виталиј Кличко преку Телеграм.
Тој додаде дека службите за итни случаи биле испратени во неколку области на градот каде биле пријавени пожари и им порачале на жителите да останат во засолништа.
Во текот на ноќта државната служба за итни случаи соопшти дека две лица починале.
Отпадоците што паднаа од уништениот дрон предизвикаа пожари во високи станбени згради во историскиот кварт Подил и квартот Дњепровски од другата страна на реката Днепар, објави на Телеграма, Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација во Киев.
Една жена загина откако остатоците што паднаа од уништениот дрон предизвикаа пожар во висококатница во областа Днипровски.
Најмалку 27 биле евакуирани од зградата. Уште едно лице е убиено во ноќен напад во киевскиот кварт Холосивски, соопшти службата за итни случаи.
Киев, неговиот околен регион и источната половина на Украина беа под предупредување за воздушен напад повеќе од пет часа почнувајќи од саботата навечер.