Режимот на Володимир Зеленски не е способен да преговара, Москва е убедена во тоа, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН – Василиј Небензја во интервју за „Спутник“.
– Ние повеќепати ја потврдивме нашата подготвеност за дијалог и тоа не се само изјави од декларативен карактер. Во април 2022 година нашите преговарачи ги парафираа договорите од Истанбул. Тие се потпишани и од шефот на украинската делегација – потсети Небензја.
Според него, на англосаксонските „спонзори“ на Киев очигледно не им бил потребен таков оперативен пристап кон решението и направиле се за да го спречат.
– Сите го видоа интервјуто со лидерот на фракцијата „Слуга на народот“ во Врховната Рада, Давид Арахамија, кој ја предводеше украинската делегација во Истанбул. Тој директно рече дека се е подготвено, но дојде Борис Џонсон, поранешниот премиер на Велика Британија и рече дека мора да продолжиме да се бориме. Позната е приказната за неговото патување во Украина. Мислам дека нема потреба да се повторува – изјави претставникот на Русија.
Единствениот логичен заклучок до кој дојдовме е дека режимот на Зеленски не е способен да преговара, нагласи тој.
Небензја, исто така, истакна дека Зеленски потпишал указ за забрана за преговори со руското раководство уште во октомври 2022 година.
– Се поставува реторичко прашање – дали е можно да се дојде до договор без дијалог? Таквото очигледно отсуство на логика е „визит картата“ на целата надворешна политика на Киев – додаде тој.
Постојаниот претставник на Русија во ОН го спомена и прашањето за рускиот имот, велејќи дека Москва ќе ги искористи сите расположливи алатки за да ги заштити своите права доколку западните земји одлучат да му го конфискува имотот.
Непријателските земји воведоа санкции кон Русија од февруари 2022 година, како дел од нив беа замрзнати и суверен имот и средства на приватни инвеститори.
Замрзнати се околу 300 милијарди долари девизни резерви. Разговорите на странските земји за конфискација на овој имот за различни цели започнаа речиси веднаш. Во октомври 2022 година, лидерите на Европската унија и наложија на Европската комисија да подготви предлози за користење на замрзнати средства за финансирање на Украина.
Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков најави дека во случај на запленување на руски имот замрзнат на запад, Руската Федерација ќе ги брани своите интереси, вклучително и пред судовите.