На денешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), Русија побара од САД директно да одговорат за нивните планови за распоредување нуклеарно оружје во некои азиски земји, односно во азиско-пацифичкиот регион.
Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН, Ана Евстињеева, на состанокот на Советот за безбедност на ОН рече дека Русија сè уште е загрижена поради „конфликтни сигнали од сојузниците на САД“ во североисточна Азија, Токио и Сеул за т.н. зголемен ангажман со САД на нуклеарниот план, пренесе РИА Новости.
„Бараме американската делегација директно да одговори на прашањето за нејзините намери во врска со можното распоредување на нејзиното нуклеарно оружје на територијата на сојузниците на Вашингтон и да помогне во нивниот развој“, изјави Евстињеева.