Русија објави „црна листа“ на бугарски премиери и министри

Двајца поранешни бугарски премиери и двајца министри за одбрана, вклучувајќи го и сегашниот, беа вклучени во официјалниот список на руското Министерство за надворешни работи како примери за „најекстремните манифестации на русофобична реторика“, објави БГНЕС.

Двајца поранешни бугарски премиери и двајца министри за одбрана, вклучувајќи го и сегашниот, беа вклучени во официјалниот список на руското Министерство за надворешни работи како примери за „најекстремните манифестации на русофобична реторика“, објави БГНЕС.

Списокот, објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи во делот „Примери за манифестации на русофобија“, ги наведува јавните изјави на поранешниот министер за одбрана Тодор Тагарев, поранешниот премиер Николај Денков, вршителот на должноста премиер Димитар Главчев и сегашниот министер за одбрана Атанас Запрјанов.

Публикацијата се вика „Примери за изјави на функционери и претставници на елитите на западните земји во врска со Русија, во кои се користи „говор на омраза“, 2024 година“).

Меѓу обвинувањата што ги упати Москва се повиците на Тагарев за борба против руската пропаганда во бугарските медиуми и училишта, изјавите на Денков за едностраното претставување на Русија во учебниците по историја, како и ставовите на Главчев и Запријанов во поддршка на Украина и за засилена улога на НАТО во регионот на Црното Море.

Руското Министерство за надворешни работи нагласува дека цитатите вклучени во списокот покажуваат „реторика на омраза“ кон Русија и се дел од „широка кампања за дискредитација на земјата“.

Документот не претставува формален список на санкции, туку е во контекст на напорите на Москва да систематизира и објави јавни изјави на политичари од странство, кои, според неа, водат до „непријателски ставови кон Русија“.