Русија незначајно го зголеми производството на нафта

Русија незначително го зголеми производството на нафта на 10,17 милиони барели дневно во периодот од 1 до 29 мај, но сепак е речиси еден милион барели под нивото пред западните земји да воведат санкции кон Москва.

Според магазинот „Недеља“ на Националниот комитет за нафта на Србија, производството на третиот најголем производител во светот, по САД и Саудиска Арабија, во април паднало за околу 10 отсто на 10,05 милиони барели дневно во однос на февруари, откако некои клиенти одбија купување на руско „црно злато“ поради санкциите.

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Русија годинава ќе произведува меѓу 480 и 500 милиони тони нафта или 9,64 до 10,04 милиони барели дневно.