Најмалку шест лица загинаа, а 20 се повредени денеска при уривање на влезот на станбена зграда во Белгород при гранатирање на Украина.
Министерството за вонредни ситуации соопшти дека загинале шест лица, а гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на својот канал Телеграм изјави дека се повредени 20 лица, меѓу кои две деца, пренесува ТАСС.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека станбена зграда во Белгород била оштетена од шрапнели од соборениот украински проектил Точка-У.
Како што е наведено, руските системи за противвоздушна одбрана собориле шест ракети Точка-У, четири ракети „Вампир“ и две ракети „Оља“.
Руската комесарка за човекови права Татјана Москаљкова денеска повторно ја повика меѓународната заедница да ги осуди украинските терористички акти врз цивили по нападот на станбена зграда во Белгород.
„Уште еднаш ја повикувам меѓународната заедница да ги осуди терористичките напади врз цивили извршени од украинските нацисти и да преземе мерки за да се запре грубото кршење на правата на цивилите“, напиша Москаљкова на Телеграм.