Советот за безбедност на Русија денеска соопшти дека наредбата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу е „бесмислена“ и дека е дел од хибридната војна против Москва.
„Надлежноста на МКС не се протега на Русија и (одлуката) е донесена како дел од хибридната војна на Западот против нашата земја“, се вели во соопштението на Советот за безбедност, пренесе Ројтерс .
Претходно денеска МКС издаде налози за апсење на Шојгу, кој сега е секретар на Советот за безбедност, како и на началникот на рускиот Генералштаб, Валери Герасимов, за наводни злосторства за време на војната во Украина.