Русија и Украина се далеку од преговори

Киев не покажува подготвеност одговорно да пристапи кон преговорите со Москва, изјави првиот заменик претставник на Русија во ОН – Дмитриј Полјански.

Тој рече дека, што се однесува до мировните преговори, Украина не дава никакви сигнали дека има одговорна позиција, пренесува РИА Новости.

„Имаат некои барања кои не можат да се стават на маса при сериозни преговори. Затоа сме се уште далеку (од преговори)“, посочи Полјански.

Според него, Украина дава само политички изјави за нејзината теоретска подготвеност да преговара со Русија, дека е подготвена да преговара кога Русија ќе ги повлече своите војници, земајќи ги предвид Донбас и Крим, кои Полјански ги смета за „смешни сами по себе“.

Сè уште немаме вистински партнери (за преговори во Украина), така што специјалната воена операција продолжува, додаде рускиот дипломат.