Русија ги прекина испораките на руски природен гас за Финска
Русија од денеска ги прекина испораките на природен гас за Финска, соопшти финската државна енергетска компанија „Гасум“, откако скандинавската земја одби гасот да му го плаќа на „Газпром“ во рубљи.
„Испораките на природен гас за Финска според договорот за снабдување се прекинати“ – стои во соопштението на „Гасум“.
Оттаму додаваат дека место тоа, природниот гас ќе се снабдува од други извори преку гасоводот „Balticconnector“, што ја поврзува Финска со Естонија.