Русија би можела да ги таргетира земјите кои на Украина и даваат оружје и дозвола за напад

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека доколку Западот дозволи Украина повторно да ја таргетира Русија со високотехнолошки ракети со долг дострел, Русија размислува да распореди такво оружје кое би можело да ги таргетира земјите кои го снабдувале оружјето.

„Ако Западот и дозволи на Украина да го направи тоа, тоа ќе ги поткопа меѓународните односи и меѓународната безбедност. Ако Западот дозволи Украина да ја таргетира Русија со проектили како Storm Shadow или Atacms, Русија ќе ја засили својата противвоздушна одбрана, рече Путин, додавајќи дека Русија го задржува правото да одговори „на ист начин на земјите“ што ќе ги „вовлече“ во војната против Русија“, пренесува РИА.

На средбата со претставниците на меѓународните новински агенции, прв разговор со странски новинари по неговиот реизбор за претседател, Путин оцени дека оние кои доставуваат оружје и го контролираат преземаат многу опасен чекор.