Пристанишниот град Одеса во јужна Украина рано утринава бил погоден од руска ракета, соопшти украинската воена команда.
Укринформ објави и дека експлозии се слушнале во Днепро, град на реката Днепар, во централна Украина.
Прекини на струја се забележани низ градот.
Вторник веројатно беше денот кога беа извршени најмногу напади врз Украина во еден ден од првата недела од руската инвазија, соопшти британското Министерство за одбрана.
„Муниција беше лансирана од воздушни, морски и копнени платформи. Иако голем дел од проектилите се успешно пресретнати, Украина се соочува со значително намалување на достапната електрична енергија од нејзината национална мрежа. Ова ќе влијае на пристапот на цивилите до комуникациите, греењето и снабдувањето со вода“, се вели во соопштението.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш упати предупредување до жителите кои се враќаат во ослободениот Херсон и другите ослободени области да не влегуваат во тие области пред да бидат проверени од деминери.
„Уште еднаш ќе им повторам на сите во деокупираното подрачје: бидете многу внимателни! Русија сака да убива и откако побегна од нашата земја. Затоа мора да бидете многу внимателни“, рече тој и ги повика граѓаните да пријават секакви сомнителни работи.
„Доколку зградата се уште не е прегледана од деминери, не влегувајте во неа. Ако патот сè уште не е проверен, одете околу него“, рече Зеленски.