Русите тврдат дека ја презеле контролата врз населбата Чигари во Доњецк

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските единици од групата Центар денеска ја презеле контролата врз стратешкото место Чигари во Доњецк.

Според руските медиуми, во соопштението се додава дека единиците на групата Центар ја подобриле тактичката положба како дел од најновите акции.