Русите погодиле фабрика за оклопни возила во Киев

Министерство за одбрана на Русија соопшти дека руските сили „со високопрецизно оружје со долг дострел лансирано од воздух“ уништиле фабрика за оклопни возила во Киев и фабрика за поправка на воена опрема во Николаев.

Портпаролот на Министерство – Игор Конашенков изјави дека Русите со ракетни напади и артилерија нападнале 811 украински воени цели.

Градоначалникот на Киев – Виталиј Кличко на социјалните мрежи информира дека главниот украински град рано утрово бил цел на напад.

Тој напиша дека имало експлозии во областа Дарњицкиј, и оти на самото место во моментов има спасувачки и медицински екипи.