Русите гранатираа база со украински маринци, најмалку 50 мртви

Тревога за воздушна опасност во текот на изминатата ноќ е објавена во регионите Суми и Чернихив во Украина, соопшти украинското Министерство за дигитална трансформација.

Сирените за првпат се огласија во 23 часот и 25 минути по локално време во двете области практично идентично, се вели во соопштението.

Засега локалните власти не соопштуваат кои биле метите на руската армија.

Руската авијација ја гаѓаше базата на украинските маринци која од Одеса беше префрлена во Херсонската област и во таа прилика уби повеќе од 50 украински војници, изјави портпаролот на руската група „Днепар“, Андреј Руљев.

Тој рече и дека руската артилерија уништила две украински минофрлачки единици лоцирани во населбите Берегово и Никољско.