Во Генералното собрание на ОН, Србија гласаше за осуда на Русија за анексија на четири украински региони – Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.
„Србија беше меѓу оние кои гласаа против Русија, а Вучиќ постојано ветуваше дека нема да воведува санкции кон Русија“, стои во ироничната објава на Владимир Соловјов, еден од најжестоките пропагандисти на Владимир Путин, покрај објавената фотографија на која српскиот претседател Александар Вучиќ седи на стол со наведната глава, наспроти тогашниот Американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба на Белата куќа.
„Србија во ОН гласаше против Русија, што значи дека Вучиќ е марионета, а тој се заколна дека никогаш нема да воведе санкции кон Русија. Дијагноза – политичка проститутка! – напиша познатиот про-Кремљ воен аналитичар Јуриј Котенок на својот Твитер профил, пренесува 24сата.хр.
Да потсетиме, Србија во Генералното собрание на ОН гласаше за осуда на Русија за анексија на четири украински региони – Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје.
Унијата, од една страна, дискретно дава до знаење дека европските инвеститори би можеле да се повлечат од Србија доколку таа земја не се приклучи кон санкциите на ЕУ против Русија, а од друга, сосема недискретно, вели дека нема да има напредок на патот кон Унијата без воведување санкции. Но, тоа значи да се биде против Русија. Без евтин руски гас, Србија е помалку конкурентна.