Рубљата на највисоко ниво во однос на доларот

Московската берза соопшти – руската валута – рубљата вчера во однос на американскиот долар беше 55,44 рубљи за еден долар.

На ова ниво рубљата е првпат од јуни 2015 година.

Падна и курсот на еврото, за 1,2 отсто на 58,15 рубљи за едно евро.

Руската рубља ја зајакна својата вредност во однос на странските валути, а притисокот врз неа се уште доаѓа од вишокот што се акумулира од извозот, односно од купувачите на руски гас, пишува „Комерсант“.

Руската влада планира да ја доведе вредноста на националната валута на оптимално ниво од 70 до 80 рубљи за еден долар.