Рубио оствари средба со министрите од Г7 за конфликтите што го загрозуваат светскиот мир и стабилност

Американскиот државен секретар Марко Рубио оствари средба со министрите за надворешни работи од Групата седум (Г7), на маргините на Минхенската безбедносна конференција, со кои разговараше за актуелните конфликти што го загрозуваат мирот и стабилноста во Африка, Европа и Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот.

Тема на состанокот на шефовите на дипломатиите на Г7, која ја сочинуваат САД, Канада, Јапонија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, при што ЕУ има статус на набљудувач, беа и предизвиците во регионалната безбедност во Индо-пацифичкиот регион и Западната хемисфера.

За време на разговорот, Рубио ја повтори посветеноста на САД на промовирање на стабилноста во Венецуела и преговорите за прекин на војната меѓу Русија и Украина.