Рубио: Немаме никаква врска со нападот, Израел презеде еднострани дејствија

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска изјави дека земјата на никаков начин не е поврзана со нападот на Израел врз цели во Иран и дека Израел презел еднострани дејствија.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска изјави дека земјата на никаков начин не е поврзана со нападот на Израел врз цели во Иран и дека Израел презел еднострани дејствија.

-Ние не сме вклучени во нападите врз Иран и наш врвен приоритет е заштитата на американските сили во регионот, се вели во соопштението на Белата куќа, објави Си-Ен-Ен.

Како што рече, Израел ги информирал САД дека оваа акција е неопходна за нивна самоодбрана.

-Претседателот Трамп и администрацијата ги презедоа сите потребни чекори за да ги заштитат нашите сили и да останат во близок контакт со нашите регионални партнери. Да бидам јасен: Иран не треба да ги таргетира американските интереси или персонал, рече Рубио.

Израел ги нападна Техеран и другите ирански градови преку ноќ, објаснувајќи дека станува збор за „превентивни напади“.