Рубио и Лавров ќе се сретнат следната недела во Њујорк

Откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера по завршувањето на неговата државна посета на Велика Британија изрази „разочарување“ од својот руски колега Владимир Путин поради нерешавањето на конфликтот во Украина, стигна вест дека шефовите на дипломатиите на САД и Русија, Марко Рубио и Сергеј Лавров, идната недела ќе се сретнат и ќе разговараат на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

-Јасно е дека ќе разговараат за широк спектар прашања, и билатерални и мултилатерални – рече рускиот амбасадор Василиј Небензја, пренесоа руските медиуми. Амбасадорот дополни дека „засега нема конкретна агенда, но средбата е планирана“.

Трамп, кој во својот прв мандат во Белата куќа успеа да се зближи многу со Путин, исто така, рече дека е подготвен да воведе нови санкции против Русија, но под услов Европејците да престанат да купуваат руска нафта, чија продажба е еден од главните извори на финансирање на руската воена машинерија против Украина.

Американскиот претседател пред еден месец го угости Путин на Алјаска, што беше првата таква средба на западен лидер со Путин од почетокот на руската офанзива врз Украина, но нивната средба не резултираше со никаков напредок.