Осомничениот за масовното убиство во близина на Младеновац , 21-годишниот Урош Б. е уапсен во околината на Крагуевац, дознава РТС.
Има и официјална потврда од Министерството за внатрешни работи на Србија за апсењето, а повеќе информации се очекуваат за подоцна во текот на денот.
По осомничниот, кој пукајќи од автоматско оружје уби осум и рани повеќе од 10 лица, трагаа околу 600 припадници на специјалните единици на српската полиција.
Напаѓачот Урош Б. најпрвин почнал да пука во селото Дубона, а потоа продолжил со крвавиот пир во Мало Орашје и селото Шепшин.
Во Дубона тој убил млад полицаец и неговата сестра, пукајќи по случаен избор во училишниот двор, каде ранил уште неколку лица. Според мештаните, напаѓачот бил познат како проблематично лице кој бил од соседното село Долна Дубона.
Најмладиот убиен во пукањето е роден 2008 година, односно е на возраст од 15 години.