Роналдо (39) урива рекорди во Саудиска Арабија – Португалецот во една сезона има 33 гола и 11 асистенции
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).
Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир.
Тој има 33 гола и 11 асистенции.
Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.
Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот.