Роналдо ќе заработува по 386 евра секоја минута во Ал Наср

Кристијано Роналдо синоќа го официјализираше потписот за Ал Наср во Саудиска Арабија, потпишувајќи двегодишен договор според кој ќе заработува годишно 200 милиони евра.

Медиумите веднаш ја пресметаа и неговата точна заработка според која неговиот „џеб“ ќе се полни со 6,5 евра секоја секунда, а за секоја минута мината во клубот ќе добива по 386 евра.

Секој час за еден од најдобрите светски фудбалер ќе вреди 23.150 евра, што е навистина неверојатна цифра.

Кога пресметките ќе се сведат на заработка на ден, согласно работните часи минати во клубот, Роналдо дневно во Ал Наср ќе заработува по 555.555 евра.

Неделно тоа изнесува 3,888 милиони евра, а Португалецот на месечно ниво ќе заработува по 16,67 милиони евра, што носи до конечната годишна цифра од 200 милиони евра.