Роналдо ја почитува Македонија, но убеден е дека ќе се пласираат во Катар

Првата ѕвезда на португалскиот фудбал, асот на Манчестер Јунајтед – Кристијано Роналдо по синоќешната победа на Португалија над Турција со 3-1 во полуфиналето на мундијалскиот бараж се јави на социјалните мрежи.

Роналдо во пресрет на мечот во вторник во Порто уверува дека тој и неговата селекција ќе бидат дел од Мудијалот, иако изрази почит за нашиот национален тим кој синоќа ја шокираше Италија во Палермо.

„Првиот чекор кон нашата цел е направен. Ништо не е добиено, мора да продолжиме со сериозна работа и фокус. Да, го почитуваме противникот, но веруваме во нашите способности, напред Португалија! Одиме во Катар“ напиша Роналдо на Твитер.

https://twitter.com/Cristiano/status/1507129927598067714?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507129927598067714%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fdribling.mk%2Ffudbal%2Fkristijano-ronaldo-go-pochituvame-protivnikot-no-kje-odime-vo-katar-foto%2F