Секој ден се откриваат нови делови од шокантното интервју на Кристијано Роналдо во кое тој зборуваше на различни теми, пред се за случувањата во Манчестер Јунајтед.
Во разговор со новинарот Пирс Морган, Роналдо изјави дека неговиот клуб, менаџерот Ерик тен Хаг и неговите соиграчи го предале.
Ним не им остана должен. Изјави дека цени само тројца соиграчи од Јунајтед, додека за останатите нема добро мислење, вклучувајќи го и неговиот колега од репрезентацијата Бруно Фернандеш.
„Почитувам само тројца соиграчи во Јунајтед бидејќи се грижат за успехот. Диого Далот е паметен, интелигентен и многу професионален иако е млад и не се сомневам дека ќе издржи долго време на врвно ниво. Можам да напоменам и Лисандро Мартинез и Касемиро на добра страна“ – рече Роналдо.
Конкретно, Португалецот ги апострофираше младите фудбалери во негативен контекст, и се постави како пример што треба да се следи.
„Младите играчи не ги почитуваат поискусните и постарите играчи, но донекаде го разбирам тоа бидејќи живеат во друга ера. Сега многу полесно доаѓаат до некои работи, воопшто не се замараат, навистина не се грижат. Се преправаат дека слушаат, но се им влегува на едното уво, а им излегува на другото. Навистина е штета што младите играчи го имаат најдобриот пример пред себе, но не сакаат ни да се обидат да го следат. Тој пример сум јас“, објасни Кристијано.